еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Италија прогласи вонредна состојба поради зголемениот прилив на мигранти

Италијанската Влада прогласи шестмесечна вонредна состојба со цел да се справи со зголемувањето на бројот на мигрантите кои пристигнуваат на јужните брегови на земјата.

Државната телевизија објави дека се очекува да биде назначен специјален комесар за овие прашања.

Владата на премиерката Џорџа Мелони одобри и финансирање од пет милиони евра, јавува Радио Слободна Европа.

Владата соопшти дека вонредната состојба е неопходна со цел итно да се спроведат вонредни мерки за намалување на приливот на бегалци кои пристигнуваат на италијанскиот остров Лампедуза.

Сегашната италијанска влада, како и претходните, главно неуспешно се обидува да добие поддршка и поголема солидарност за прифаќање бегалци од другите земји на Европската Унија.

Од почетокот на годинава во Италија пристигнале над 30 илјади мигранти. Тие биле спасени во Средоземното Море од локалните власти или хуманитарни бродови. Се наведува дека тоа е речиси четири пати повеќе во споредба со претходните две години во истиот период, кога пристигнале по околу осум илјади мигранти.

Досега мигрантите најмногу пристигнуваа од брегот на западниот дел на Либија, а во последно време доаѓаат и од Тунис.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И Силјановска бојадиса јајца за Велигден

Редакција

„Макпетрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на природен гас вреден 460.000 евра

Редакција

(Видео) Прекрасна изведба на “Ми заплакало селото Ваташа/Цветови“ за 80 годишнината од убиството на 12. Ваташки младинци

Редакција