еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Минатата недела тројца починати од Ковид-19 од Скопје и Прилеп

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 17 до 23 април се регистрирани 85 нови позитивни случаи, со намалување од 7,6% во однос на минатата недела (n=92).

-Процентот на позитивност се движи од 6,1% до 13,5%, просечно 9,1%.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 12 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=51; 60,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Охрид (14,5/100.000 жители).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=45; 52,9%).

Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.

Во текот на минатата недела (17-23.04.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 94 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 20,3% помалку во однос на минатата недела (n=118).

Во текот на минатата недела, пријавени се 26 реинфекции, за 44,7% помалку во однос на претходната недела (n=47).

Пријавени се 3 починати лица со датум на смрт во текот на последната недела (17-23.04.2023), од Скопје и Прилеп, со коморбидитети и починати во болнички услови. Лицата се на возраст од 76-81 година, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Редакција

Логистичка подршка за решавање на енергетската криза: Железница ги подготвува капацитетите за транспорт на јаглен и мазут

Редакција