еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Судијата Сашко Георгиев е новиот претседател на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет

Какво образование има

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година, стои во неговата биографија.

Правосудниот испит го положил во 2000 година.

Работно искуство

Од 2001 до 2008 година бил вработен како адвокат во адвокатска канцеларија во Штип.

Во февруари.2008 година е избран за судија во Основен суд Штип, каде до 2018 година работеше како судија-кривичар.

Во периодот од 2014 до 2016 година е член на Управен одбор на Здружение на судии на Република Македонија, по што во 2017 година е избран за претседател на Здружението на судии на подружницата во Основен суд Штип.

Од 2014 година е активен едукатор-предавач од кривична материја во Академијата за судии и обвинители на Република Македонија.

Од 2015 година е предавач во ОБСЕ на тема „Криминал од омраза“.

Во септември.2018 година е избран за член на Судски совет на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Сашко Георгиев, новиот претседател на Судскиот совет

Фото: МИА/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока бројка: Починати 36 лица од Ковид-19

Редакција

Проф. Трајковски: Зголемена хоспитализираност од Ковид-19, но луѓето не се тестираат

Редакција

За членовите на Одборот на директори на Трготекстил малопродажба лани потрошени 900 илјади денари

Редакција