еМагазин
Image default
Бизнис

Во првите два месеца извозот зголемен за 10,2, а увозот намален за 1,5%

Вкупната вредност на извозот на стоки во првите два месеца од годинава, изнесува 1. 339.941 илјади евра и бележи пораст од 10,2 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 1.763.707 илјади евра, што е за 1,5 % помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 423.766 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 76%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − февруари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети возила по багателни цени

Редакција

Компаниите не сакаат наметнување за зголемување на минималната плата

Редакција

„Пивара“ АД Скопје му ги продаде акциите во „Аутомакедонија“ на Милан Ивановски

Редакција