еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Aвтомобили запалени кај Бит-пазар

Четири автомобили се изгорени во близина на клучката кај Бит-пазар. Полицијата врши увид за да се открие како избувнал пожарот на паркираните автомобили (еден со гостиварски таблици, три со скопски), потврдија од МВР за МИА.

Како што посочуваат од МВР, пожарот е пријавен околу 3 часот наутро по што интервенирале пожарникари и ги изгаснале возилата. Оттаму потенцираат дека нема повредени лица.

На 08.05.2023 во 03:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

МИА/Фото: ТВ21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија

Петре Димитров

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Дали бројот на починати од Ковид-19 намерно се прикажува висок?

Редакција