еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Уверение за државјанство ќе можете да добиете и на е-маил и мобилен телефон

Започнуваме со процесот на дигиталната трансформација на услугите за граѓаните во однос на издавање на уверение за државјанство на Македонија во електронска форма. Притоа, граѓаните на Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– За таа цел, како МВР донесовме Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат.

Притоа, работни тимови од Одделот за информатика и телекомуникации и Одделот за граѓански работи во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), овозможија преку Националниот портал за електронски услуги, барањето да се реализира преку е-маил адреса или паметен телефон.

Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб-сајтот www.uslugi.gov.mk, лични документи и исправи, државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава (СЕН), односно Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги, појасни министерот.

Тој информираше дека досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма, ќе продолжи да се издава на досегашниот начин – лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи, независно каде лицето има пријавено живеалиште.

– Како Министерство за внатрешни работи, продолжуваме со дигиталната трансформација на процесите и услуги и во наредниот период, а со цел да обезбедиме брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

Ова е еден важен аспект од процесот на евроинтеграциите, бидејќи така ќе се подобри и квалитетот и ефикасноста во обезбедување на услуги за граѓаните. Притоа, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите. А, воедно би споменал дека претставува една успешна алатка во борбата против корупцијата, подвлече министерот.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека тука се за да објават дигитални услуги во коишто МИОА, врз основа на програмата и Националната стратегија за дигитална трансформација на државата, почнува да ги промовира дигиталните услуги што ги имаат развиено заедно со министерства и други институции, каде нудат сервиси за граѓаните.

Како што посочи тој, тие сметаат дека преку дигитализација ќе ги подобрат услугите кон граѓаните, што ќе бидат во реално време и исто така, ќе го намалат влијанието на администрацијата.

– Ние како МИОА веруваме дека преку процесот на дигитализација, исто така, ќе овозможиме нашите граѓани во реално време да дојдат до сервиси коишто им се потребни. Целта на МИОА е до крајот на 2023 година да дигитализира над 150 дигитални услуги коишто ќе бидат услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk.

Исто така, сакам да ве информирам дека преку Агенцијата за дигитализација која што ќе биде амбрела на ниво на државата за процесите на дигитална трансформација овие услуги ќе може и понатаму да бидат потполно дигитализирани во коишто факторот човек ќе биде занемарен, додаде Алиу.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена загина во тешка сообраќајка во Скопје

Редакција

Расте негативното мислење на Грците за македонскиот премиер Зоран Заев

Редакција

Зголемување: Блокирани сметките на 111.056 граѓани и фирми

Редакција