еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Смртните случаи од Ковид-19 им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот, велат од СЗО

Смртните случаи од Ковид-19 се проценува дека им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот, според новите пресметки на Светската здравствена организација (СЗО) кои се обидуваат да го покажат вистинскиот обем на пандемијата.

СЗО припишува вкупно 14,9 милиони смртни случаи на коронавирусот само во 2020 и 2021 година. Организацијата пресметала дека во просек животниот век се скратувал за 22 години.

Проценките се вклучени во статистичкиот годишник на СЗО, кој беше објавен денеска.

Според СЗО, пандемијата со Ковид-19 имала негативно влијание и на глобалната борба против другите заразни болести, бидејќи биле нарушени вакцинацијата и здравствените услуги. Како резултат на тоа, според СЗО, вакцинациите против сипаници, тетанус и други болести се намалени, додека маларијата и туберкулозата се зголемени.

СЗО, исто така, изрази загриженост дека годишниот број на смртни случаи од незаразни болести ќе се зголеми на околу 77 милиони годишно до средината на овој век, што е речиси 90 отсто зголемување од 2019 година.

Дури и пред 2019 година, СЗО забележа значително зголемување на срцевите, респираторните и канцерогените заболувања со фатален исход. Трендот главно е поттикнат од зголемувањето на светската популација и очекуваниот животен век.

Сепак, здравствената агенција на ОН нагласи дека на индивидуално ниво веројатноста за смрт од такви болести е намалена за луѓето ширум светот во последните децении.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска: Ќерките на Гошева, сопругата на Божиновски, таткото на Јанушев, братучетката на Милошевски вработени со непотизам

Редакција

Како тоа го прави Груби: Коалционите партнери на Заев „летат“ орли кај ќе стигнат

Редакција

Каков имот пријавил Методија Димовски, новиот генерален секретар на Владата

Редакција