еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана со до еден милион евра неповратни средства од Владата

Секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана со до еден милион евра неповратни средства од Владата, со цел да се вратат нивните напори во својата земја, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на свеченото отворање на фабриката за производство на бакарни жици и цевки на компанијата Мултипарк Изаири во Камјанe, Општина Боговиње.

Полошкиот регион и општините кои гравитираат во овој регион се поддржани со повеќе од 60% повеќе од истата инвестиција доколку тоа се случи во кој било друг регион, почнувајќи од регионот на градот Скопје, како најразвиен регион.

Бектеши истакна дека за привлекување странски инвестиции, не само од компании кои имаат странска сопственост, туку и од нашите сонародници кои живеат во странство, со најновите законски измени, секоја инвестиција што ќе се случи во Македонија од кој било иселеник што работел и делувал во дијаспората претходните пет години ќе се поддржат со дополнителни 15% кои припаѓаат на странска компанија која не е во сопственост на граѓанин или сонародник.

„Ние како Влада ќе и дадеме приоритет на оваа компанија да ја земеме како пример кој треба да го следат оние кои можат да го направат истото. Му посакувам успех на Мултипарк Изаири и да не застанеме тука, туку да ги развиваме постоечките капацитети“ изјави Бектеши.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стево е безбеден, го сликале заради колата, вели Заев, Пендаровски убеден дека го следат

Редакција

До 12 февруари 2024 мора да се сменат регистарските таблички со „NMK“

Редакција

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 6 лица, најмладиот 53-годишна возраст

Редакција