еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нова демократија победник на изборите во Грција, но тешко дека ќе состави влада

Нова демократија со убедливо водство од над 20 отсто разлика во однос на СИРИЗА се чини дека е големиот победник на парламентарните избори во Грција, со пребројани 71,87 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија не го обезбеди потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така веројатно е дека на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат и вторите избори.

Во Парламентот место обезбедуваат пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто.

Поконкретно, според официјалните податоци:

Нова демократија 40,83 отсто и 145 пратенички места

СИРИЗА 20,06 проценти и 72 пратенички места

ПАСОК- Движење на промена 11,81 отсто – 42 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 7,09 отсто- 25 пратенички места

Грчко решение 4,50 отсто и 16 пратенички места.

Излезноста, според првичните официјални информации е 59,35 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 3.587 акции на ОКТА

Редакција

(Галерија) Министерот Бочварски во храмот Свети Никола во Штип го венча г.г. Стефан

Редакција

Кривични пријави за 20 наставници од училиште во Драчево, овозможиле изготвување лажни свидетелства

Редакција