еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ПК Љуботен организира традиционално искачување на Титов врв

Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово в недела на 28 мај по 41. пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, највисоката точка на Шар Планина. ПК „Љуботен“ ги кани сите друштва и клубови да учествуваат на искачувањето, а потсетуваат дека пријавувањето трае до 23 мај.

– Искачувањето на Титов врв само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој, порача Јован Божиноски, претседател на ПК „Љуботен“.

Во сабота на Попова Шапка се предвидени неколку активности како акција за чистење, планинарски базар, квиз на планинско знаење и проекција на планинарски филм.

– Тргнувањето во недела 28 мај почнува од 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по Вакуфска Патека. Очекувано пристигнување на Титов врв е во 11 часот, додека тргнување за назад во 12 часот, информира Божиноски.

Планинарите индивидуално треба да се понесат храна, предвидена за планинарска тура до 10 часа, како и да имаат соодветна планинарска опрема за во зимски услови.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН лидер во практиките за безбедност и здравје при работа

Редакција

НЛБ Банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година

Редакција

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

Редакција