еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Биљана Ангелова, која е избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт е новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биљана Ангелова избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Таа ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.

Која е Ангелова

Ангелова е вработена на Економскиот институт од 1992 година, каде во континуитет ги добива сите научни и наставно-научни звања, стои во нејзината биографија.

Во 2007 година за првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана за редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006-2008 година била раководител на вториот циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент.

Таа беше и прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година.

Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт.

Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година.

Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии и на Комисијата за издавачка дејност на УКИМ.

Фото: УКИМ/Ангелова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска се потребни волонтери за да се однесе помош за семејствата кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија

Редакција

Јужноафриканската мутација на Ковид-19 отпорна на третман со плазма, ќе се испитува ефикасноста на вакцината

Редакција

Ќе задржат само 10% од акциите, Австријците ја потврдија продажбата на бизнис центарот „Соравиа„

Редакција