САД и Македонија потпишаа 10-годишен план за соработка во одбраната.
-Склучивме 10 годишен патоказ за соработка во одбраната со нашиот стратешки партнер и пријател и ги поставивме темелите за развој на одбранбената соработка.
Заедно ќе работиме на модернизацијата на Армијата, заедно ќе се носиме со безбедносните предизвици. Безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е загарантирана.
Горди сме на нашето долгорочно и силно билатерално партнерствo кое прерасна и во силно пријателство, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска, која во Вашингтон го потпиша договорот заедно со секретарот на САД за одбрана, Лојд Остин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство
Фото: МО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.