Национален парк Шар Планина информираше дека се забранува движење на моторните возила кон Горна Лешница, Крива Шија, Џинибег и по долниот пат кон селото Бозовце.
Овој предел се нарекува македонска Швајцарија, но истовреме беше и еден од најуништуваните од страна на „диви“ превозници, кривосечачи.
„Лешница е една од најпосакуваните дестинации на Шара поради извонредниот биодиверзитет, бројните природни феномени и богатото културно наследство. Затоа се наоѓа во зоната на строга заштита и заслужува да се придржуваме кон правилата за однесување во природа.
Вчера поставивме информативна табла со кои се забранува движење на моторните возила кон Горна Лешница, Крива Шија, Џинибег и по долниот пат кон селото Бозовце.
Просторот е под видео надзор, а недозволеното однесување и оштетување на поставената инфраструктура е казниво со закон,“ информираат од Националниот парк.
Фото: еМагазин.мк