еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата пак го предлага Данокот на солидарност

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог на закон за данокот на солидарност. Целта на овој Предлог на закон, според образложението на Министерството за финансии, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива.

Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност.

Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар.

Предлог законот за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

Воведувањето на данокот за солидарност е од општ интерес за сите граѓани и се базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност.

Владата го утврди и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Целта на предложените измени и дополнувања, според објаснувањето од ресорното министерство, е усогласување со препораките од Европската Комисија и од меѓународните финансиски институции.

При тоа, се пропишуваат законски решенија коишто придонесуваат за намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, проширување на даночната база, преку таргетирање на даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнис-заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност

Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но Стопанска комора бара целосно да се стопира неговото донесување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен

Редакција

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Редакција

На пазарот на труд, мажите учествуваат со околу 60, а жените под 40 проценти

Редакција