еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Следната недела најавени се тројца министри за Европа, на Германија, Франција и Полска. Повторно ќе кажам, доколку доаѓаат за уставните измени, нашата порака е иста, нашите аргументи се исти, од таа страна не слушам нова поента и ако доаѓаат за тоа, навистина ќе бидам и загрижен, бидејќи овој народ овде, последна работа што им паѓа на памет се уставните измени, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Прилеп, одговарајќи на новинарски прашања.

-Вчера разговарав со тројцата министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка, имавме аргументирана дебата во Парламентот, ги кажавме нашите ставови, тие ставови се исти, непроменети, и ако некој ја изолира Македонија, тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и неспособност да спроведат реформи.

Промената на Уставот не е критериум за изолирање на Македонија, а од друга страна од истите тројца добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот изолирање, туку рекле ќе има задоцнување во процесот, рече Мицкоски.

Задоцнување во процесот, според него, „ќе има заради тоа што Владата на Ковачевски потпиша договор под бугарски диктат којшто народот не го прифаќа и надвор од политички консензус“.

-Основен виновник ако Македонија задоцни во процесот е оваа криминална Влада затоа што освен тоа што потпишува договори на слепо, многу краде и е неспособен. Се ова да беше спротивно од тоа јас што го зборувам ние денес веќе ќе зборувавме за отворање на кластери, отворање на поглавја, итн.. Но, и тоа ќе се случи.

Со промена на оваа влада ќе дојдат луѓе кои што знаат како да ја извадат Македонија од оваа состојба во која што се наоѓа. Луѓето имаат реални суштински проблеми како да го поминат месецот, како да се подготват за следната грејна сезона, дали на земјоделците им е важно дали ќе има уставни измени или да го продадат производот, тоа е суштината, оцени Мицкоски при посетата на Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за предупредувањето од ЕУ за изолација ако не се усвојат уставните измени

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Тоа што Онишченко е на „црната листа“ на САД, не мора да значи дека е криминалец

Редакција

МОН: Наставниците да одмораат од 2 до 11 јануари за да се намалат трошоците за греење

Редакција

Продолжува судењето за убиството на младиот Саздовски

Редакција