еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д. директор на Зоолошката градина, утврди Антикорупциска

Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д, директорот во скопската Зоолошка градина, утврди Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

ДКСК на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект.

Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инсекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Закоот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.

-Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски.

ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка. Ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело, а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до Основното јавно обвинителство за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска.

Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д. директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на вредноста на јавните набавки на општините за една третина, во Скопје дури за 68%

Редакција

Траги од Велибор Манев најдени на лепливата лента на устата од Вања

Редакција

Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација

Редакција