еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи (УЈП) и функционер на ДУИ, Исмет Гури, и уште две други лица од истрагата што се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари.

Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

Притворот е определен по барање на Јавното обвинителство дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

Според Јавното обвинителство, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури донесен во Крвичен

Меѓу нив и поранешен функционер на ДУИ: 15 физички и три правни лица осомничени за злосторничко здружување, даночна измама и перење пари

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлуенсерката Маја Јанеска загинала во несреќен случај, нејзините посмртните останки ќе бидат донесени во Охрид

Редакција

Повеќе од милион починати од Ковид-19 во светот

Редакција

По испуштањето на радиоактивна вода од Фукушима во океанот, јапонската Влада тврди дека нема зголемена радиоактивност

Редакција