еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова закана од ЕУ: Ако не се усвоиле уставните измени постоел ризк од раздвојување на Македонија и Албанија

Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување. Нема други барања. Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија.

Ова го порача Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција во разговор за МИА прашана дали актуелната состојба со уставните измени може да влијае и на подготовката на скрининг извештајот за земјава.

Имено еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна најави дека скрининг извештајот за Тирана ќе биде претставен наскоро без да напомене кога да се очекува тој за Скопје и дали тоа и де факто ќе значи раздвојување на двете земји во процесот.

-Многу сме среќни што уставните измени се ставени на маса и процесот почнува, бидејќи тоа е многу важно. Северна Македонија и Албанија се двете земји кои беа предводници во поглед на реформите за приклучување кон ЕУ. Тоа се две земји кои што навистина напредуваа со кластерите и патоказите што требаа да ги исполнат. Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Северна Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување откако тие ќе бидат изгласани, и мислам дека е многу важно да се нагласи тоа. Нема други барања за започнување на процесот на пристапување.

Истовремено, иднината на ова отворање на пристапните преговори е во рацете на Собранието и Северна Македонија има суверено право за да одлучи што сака.

Но, се надеваме дека ова ќе се случи, дека земјата ќе се придружи на семејството на ЕУ, и се надеваме дека Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да бидат предводници, исто како што беа во изминатите години. Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината, вели Бун.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август

Редакција

„Енерџи активе“ го доби тендерот на ГТЦ за набавка на струја вреден 46 милиони денари

Редакција

Работници од Непал масовно бегаат од Македонија

Редакција