еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата и годинава ќе го субвенционира парното греење во Скопје

Во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје. Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните исто како што обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Минатата година граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци. Така и ќе продолжи. Истото беше и со парното, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешното поставување камен-темелник на полициската станица Аеродром заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нагласи дека доколку лани парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбедеше преземање на целокупната мрежа и на производството на топлинска енергија, тогаш Скопје ќе немаше парно.

-Тоа е обврска на градот Скопје и на опозицијата која се фалеше дека ќе го направеле Скопје метропола, а сега не може ништо да се доправи во Скопје што е започнато. Планирам да го повикам раководството на Скопје за да видиме како Влада што можеме да помогнеме во санирањето на делот со потребите на граѓаните, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник да се караат по цел ден кој бил во право, потенцира Ковачевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразителен факт: Од 292 тестирани во „Орце Николов“ кои биле со скроз одличен успех, само 11 ученици покажале знаење за петка

Редакција

Боливија ги прекина дипломатските односи со Израел, ја обвини земјата за злосторства против човештвото

Редакција

Притворениот екс директор на УБК, Атанасовски неможе да се сети кај се бил на 27 април

Редакција