еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Велешта со нож го нападнал началникот на Полициската станица во Струга, кој заврши во болница

Жител на струшкото село Велешта, кој е приведен, со нож вчера попладне го нападнал началникот на Полициската станица во Струга.

Нападот се случил на улица, а началникот е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.

– Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д. (46) од Струга, изјави за МИА портпаролот на СВР, Охрид Стефан Димоски.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, вели Димоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

34 заболени од голема кашлица, во Скопје веќе е прогласена епидемија

Редакција

Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет

Редакција

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Редакција