еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските европратеници од ГЕРБ-СДС побараа реакција од европските институции по претепувањето на бугарски граѓани во Скопје

Европратениците од ГЕРБ-СДС, Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Ева Мајдел, Асим Адемов, Емил Радев и Александар Јорданов побараа остра реакција од челниците на европските институции по претепувањето на бугарските граѓани во Скопје пред фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и „Шкупи“, соопштија од прес центарот на ГЕРБ.

Во отвореното писмо упатено до претседателката на Европскиот парламент (ЕП), Роберта Мецола, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и до претседателите на парламентарните комисии во ЕП, европратениците изложуваат факти околу случајот во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за сериозни прекршувања на човековите права предизвикани од омраза и го осудуваат агресивниот однос кон Бугарите.

Според европратениците, ваквиот однос не е резултат на фудбалски емоции и страсти, кои не се исклучок за време на спортски натпревари, а главна причина за агресијата е постојаното наметнување непријателски однос кон Бугарија од страна на политичарите во Македонија, од медиумите и од академските кругови таму.

„Ние констатираме дека политиката на омраза кон Бугарија, која со години ја водат политичарите во Македонија, веќе погоди многу граѓани“, се вели во писмото.

Европратениците потсетуваат на редица напади врз бугарски културни клубови во Македонија, напади врз граѓани со бугарска самосвест, одбивање да се дозволи бугарска делегација – вклучувајќи го и Андреј Ковачев – да влезе во земјата.

БТА потсетува дека на 27 јули бугарски фудбалски навивачи беа нападнати неколку минути пред почетокот на фудбалскиот натпревар од Лигата на конференции меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Левски“ – Софија на стадионот „Тодор Проески“, при што еден од нив беше примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот.

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, соопшти дека идентитетот на напаѓачите е расчистен и се трага по нив. За агресивно однесување и нарушување на мирот уапсени се вкупно 21 фудбалски навивачи, од кои 19 се Бугари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

Редакција

Половина деценија стратешко партнерство меѓу бразилскиот фармацевтски лидер EMS и Галеника во функција на здравјето во регионот

Редакција

Груби: Победи евроатлантска Македонија

Редакција