еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Испразнетите работни места во здравството ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави Меџити

Испразнети работни места во здравство ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција.

„Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во друга клиника, зошто по автоматизам не можат да се надополнуваат тие места?

Ние одлучивме веќе и со министерот за финансии, имаше разбирање и по негова иницијатива, Министерството за финансии веќе да не одлучува за вакви случаи. Самите институции веќе да имаат законска одговорност и Министерството за здравство да потврди без да бараме согласност во финансии. Ако има резервирано таков буџет во сите здравствени клиники, тогаш нема потреба да се побара од финансии,“ појасни Меџити.

Ги скратуваме, нагласи, овие процедурални, административни маки.

„Ни одземаат многу време и не ни се корисни. Барам тоа што треба во здравството да биде подобро и порелаксирано и да ги поедноставиме веќе овие процедури,“ подвлече министерот.

На новинарско прашање за проблемите за кои се укажува во однос на тоа дека во една јавна здравствена установа нема термин за операција наутро, но во истата здравствена институција, доколку пациентот плати приватно може да се направи операција, министерот рече да се пријави за која клиника станува збор, а тој веднаш ќе прати инспекција.

Тој рече дека сите може да згрешиме, но оти треба да се трудиме грешките да бидат минимални. Целта на Министерството, како што нагласи, е да ги минимизира пропустите.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

Редакција

Кривичната е притисок кон мене и сите обвинители, вели Русковска, која конкурирала за нов мандат за шеф на ОЈО – ГОКК

Редакција

Хан: Референдумот е избор меѓу иднина во ЕУ и изолација

Редакција