еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фирмите „Арбериа дизајн“ и „Скопје Филм Студио“ за прослава на државни празници и годишнината од Рамковниот ќе заработат над половина милион евра

Фирмите „Арбериа дизајн“ и „Скопје Филм Студио“ за прослава на државни празници и годишнината од Рамковниот договор ќе заработат над половина милион евра, објави Дојче Веле.

На тендерите немале конкуренција.

„Скопје Филм Студио“, е задолжена да ги организира прославите за 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски, како и настан од Отворен Балкан.

„Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра, пишува Дојче Веле.

За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан – Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра.

Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ пак повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор. За 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината, а покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на фирмата ќе ѝ бидат исплатени и 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра, пишува Дојче Веле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максимум 4 лица од различни домаќинства може заедно во домашни услови да ја чекат Новата година

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 68.557 денари убедливо на врвот

Редакција

Ако во Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром не се почитуваат мерките, општините ќе одат во карантин

Редакција