Во месноста Брдаров камен, кај Богданци, денеска околу 11 часот избувна пожар.
Интервeнираа и два авиони „Ер трактор“, но пожарот се засили.
Авионите направиле повеќе од 19 налети, а тргнат е и еден хеликоптер на МВР, информираа од Центарот за управување со кризи.
Покрај авионите „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето учествуваат и пожарникари од Гевгелија и Валандово, екипи на подружниците на „Национални шуми“ и општинското комунално претпријатие од Богданци.
Пожарот избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.
Огнот поминал и низ дел од ветерниците.
Фото: ЕСМ/видео: Курир
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.