еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За уставните измени кај Османи, евроамбасадорот, холандскиот амбасадор и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на САД

Политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа за предложените уставни измени и напорите на Владата да обезбеди континуитет на започнатите пристапните преговори за членство во Европската Унија без застој, беа во фокусот на средбите што денска ги имал шефот на дипломатијата Бујар Османи со евроамбасадорот Дејвид Гир, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, информираат од Министерството за надворешни работи.

На средбите, како што соопшти МНР, биле отворени и темите од регионален карактер, особено во контекст на европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан.

-Актуелните безбедносни и геополитички предизвици, потребата од долгорочен и ефикасен реформски процес кај сите земји од регионот, сѐ уште актуелните потреби за помирување и затворање на отворените билатерални прашања ги обременуваат односите во регионот и европската перспектива мора да ја задржи трансформативната моќ на Балканот, посочил Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, ни Гевгелија нема да биде поштедена

Редакција

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Редакција

Кинески научници: Ковид-19 ја намалува плодноста кај мажите, закана за уништување на човештвото

Редакција