Инцидентот помеѓу навивачите на хрватскиот фудбалски клуб Динамо и грчките АЕК и Панатинаикос (ривалот на АЕК) е топ тема во регионов. Како што е познато во истиот до смрт беше избоден 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките медиуми објавија дека осомничен за неговото убиство е хрватски државјанин, а го објавија и неговиот идентитет. Станува збор за 19-годишник, кој бил уапсен на грчко-албанската граница „Какавија“, во обид да влезе во Албанија, и од таму преку Црна Гора да се упати кон Хрватска.
Според хрватските медиуми, пак на телото на Кацурис биле идентификувани отисоци од прсти, и според неофицијални информации, станувало збор за грчки државјанин. Информацијата ја објави хрватската Нова ТВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК