еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Иса Рушити од Теново е исчезнат веќе седми ден, 70 полицајци вклучени во потрагата

70 полициски службенци денеска го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново, Општина Брвеница каде што исчезна Иса Рушити во периодот помеѓу 4 и 5 август.

Во потрагата учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница, како и граѓани.

„Во случај и денес ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година, понеделник, Регионалниот Центар за управување со кризи ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито што поминува покрај самото село.

Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата,“ информираат денес од Центарот за управување со кризи.

Општина Брвеница упати благодарност до Зибер Зибери, кој со градежна машина доброволно се вклучил во потрагата во водите на реката Вардар.

– Општина Брвеница ги повикува сите граѓани кои можеби имаат информации или сознание за евентуалното место на исчезнатото лице, да ги известат полициските органи во најблиската полициска станица, семејството Рушити или општината, се вели во соопштението на Општина Брвеница.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

Редакција

Владата донесе нови рокови за поделба и употреба на домашните платежни картички

Редакција

Што до сега се знае за „Молнупиравир“, единствениот лек против Ковид-19: Кому ќе се дава и дали во домашни услови?

Редакција