еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Никој не ги купи акциите на Мијалков, ќе го купи ли некој неговиот запленет имот?

На јавно електронско наддавање закажано за 25 август ќе се продава недвижен имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој е запленет за случајот „Империја“.

Се продаваат два стана во Охрид, земјиште кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје и плац кај местото Џибарица на Кожуф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На електронско наддавање недвижен имот на Мијалков, еве што се сè продава

Претходно на 19 јули на Македонската берза на продажба беа ставени запленетите акции на Мијалков во Стопанска банка АД Битола, кои како што објави Фокус, никој не ги купил.

Никој не ги купил и другите акции на правни субјекти поврзани со Мијалков:

Од Агенцијата за управување со одземен имот за Фокус потврдуваат дека акциите биле ставени на продажба пет дена, но никој не ги купил и дека од сите акции што биле ставени на продажба на Мијалков биле само оние од Стопанска банка Битола.

По шест месеци истите акции ќе бидат ставени повторно за продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се запленети акции на Мијалков од денеска се продаваат на Македонската берза

Кој ќе го купи конфискуваниот имот на Мијалков, еве што се ќе оди на наддавање

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блеф или ризична игра: Која албанска партија ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

МПЦ повика да се почитуваат здравствени мерки и за време на претстојните празници

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 2.510

Редакција