еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Литургија на врвот Голем Крчин (2.341мнв), во организација на Бигорската Обител по осми пат

Во висините, на оние места каде што земјата се соединува со небото и првите зраци на сонцето ти го благословуваат претстојниот ден, каде сосредоточено и мирно чекориш за да го чуеш говорот на тишината и во длабока аскеза полека кон целта се издигнуваш, таму целото твое битие се буди за благословен молитвен подвиг за да учествува во Тајната над сите тајни, во Божествената евхаристија, која што оваа година по осми пат се случи на мистичниот врв Голем Крчин (2341 мнв), пишуваат од Бигорски манастир.

„Со благослов на нашиот највозљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, како и со дозвола на раководството на Националниот Парк Маврово, овој прекрасен врв нѐ собра заедно, за одново да ни ја испрати благодатта на таворскиот подвиг.

Посебна чест за сите нас беше присуството на протопрезвитерот Бобан Митевски, кој му сослужуваше на архимандритот Кирил од Бигорската Обител.

Почитуваниот ереј со нескриено воодушевување ги сподели со сите нас своите возвишени чувства од заедничкиот подвиг во своето просветлено слово за благолепието и за благодатното доживување на евхаристиското собрание на овој наш Тавор, пожртвувано се потрудија бигорските монаси и монахињите од манастирот во Рајчица, како планинарските водичи при Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), чија што професионалност и поддршка секогаш се голема поткрепа во организирањето на овие аскетски восходења,“ се вели во соопштението.

Фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИ-ДА го доби тендерот на НБРМ за набавка на четири возила

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија значи енергетска безбедност за Европа, изјави Мицотакис

Редакција

Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски

Редакција