еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

Езерската полиција вчера после 19 часот спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро, откако сопственикот на едрилицата изгубил контрола поради невремето, информираа од МВР.

-Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, велат од таму.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро„ во добра здравствена состојба, без повреди.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Редакција

Општина Куманово склучи договор со Пуцко петрол вреден 510,7 илјади евра

Редакција

Истрага и барање за притвор за струмичанецот кој го возеше Палевски од Србија до Турција, адвокатот засега останува на слобода

Редакција