еМагазин
Image default
Бизнис

Орце Камчев за Фактор: Јас лично ќе се залагам да пројде референдумот, со Мијалков веќе не сме пријатели

Еден од најбогатите Македонци, бизнисменот Орце Камчев во интервју за Фактор зборува за својот бизнис, но и за престојниот референдум за името и за релациите со поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

“Изгубивме премногу време последниве 27 години со историски глупости, со митови и легенди кои ни создадоа проблеми не само со сите наши комшии но и со самите нас, во нашата држава. Неможноста да се реши спорот со Грција не извади од шансата да бидеме веќе одамна и во НАТО и во ЕУ и поверувјте ми Македонија немаше да биде во таа ситуација во која сме денеска ни економски ни политички.

Затоа, јасно и гласно ќе го кажам мојот став, мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…

…Тоа е мојот став, не дека нема друга опција, туку таа е единствената опција во која јас верувам. Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум. Тоа се вредности во кои јас верувам и преку кои и државата и сите ние ќе добиеме десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денеска“, вели Камчев за Фактор.

Тој во интервјуто зборува и за пријателството со Мијалков:

„Најпрво да разјасниме, директни бизнис релации со Сашо Мијалков додека бил функциониер сум немал никогаш, тоа го гарантирам и стојам позади тоа што го зборувам. Ниту денеска имам такви бизнис релации, доколку има некој акции, некои негови фирми, од неговите деца во некои акционерски друштва, јас тоа не можам да го забранам, бидејќи има илјадници акционери, меѓутоа во управувачка структура, во структура која е управувачки одбор или слично тело немаме такви релации. Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата“, вели Камчев

Целото интервју на Фактор, ОВДЕ.

Фото: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот на СДСМ, Зекири до Камчев: Подобро да молчиш, од одговорност за злоделата нема да избегаш

(Фото) Како Мијалков го прослави роденденот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс со добивка во првите девет месеци

Редакција

Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

Редакција

„Виз ер“ ќе лета од Скопје за Салцбург

Редакција