Градежната фирма од Желино, Еуровиа е во фокусот на јавноста откако беше објавено дека таа го добила тендерот на Министерството за надворешни работи за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференција на министерскиот совет на ОБСЕ, вреден 1,8 милион евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра
Еуровиа лани била најголемиот донатор на владејачката ДУИ, донирајќи 1,85 милиони денари.
Нејзин сопственик е Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми, кој пак како физичко лице донирал 2,5 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од МНР, со кое раководи кадар на ДУИ, пак посочија дека таа била избрана поради тоа што имала најповолна понуда.
Претходно, Еуровиа доби и тендер од 2 милиони евра за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, тендер за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР склучи договор со Еуровиа од Желино вреден над 2 милиони евра
Универзитетот „Мајка Тереза“ склучи договор со “Еуровиа„ вреден 1,4 милион евра
Фото: ДУИ