еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Новата Мис на Медитеранот е Мија Стерјовскa

На изборот за Мис на Медитеранот 2023 кој се одржа минатиот викенд во Киренија на Кипар, нашата претставничка Мија Стерјовска направи голем успех со победата во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а Втора придружничка е девојката од Шпанија.

Финалето во организација на Aya Production од Либан, се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот Les Ambassadeurs во Киренија, на самиот брег на Средоземното море, каде девојките беа сместени и се подготвуваа.

Нашата Мија е член на Моднато судио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина веќе 20 години.

Ова е шести пат како девојките од Црнокрак освојуваат победа на Мис на Медитеранот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија силно ја поддржува аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО

Редакција

Cyber Monday: Букирајте лет со „Виз ер“ и добијте 25% попуст

Редакција

Анализа на професорот Трајковски: Епидемијата со Ковид-19 забавува, прогнозите се добри, но болниците бавно се празнат и речиси се полни

Редакција