еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание, велат од Антикорупциска за измените на Кривичниот законик

Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експертска дебата ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, сериозно се загрозува правната сигурност во државата, се вели во реакцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Државната комисија за спречување на корупцијата е изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од ДКСК да достави мислење по Предлог – законот за изменување и дополнување на Кривичниот законок, со рок за произнесување до 20 Септември 2023 година.

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со интервенциите во членовите 353, 353в и 394 не се придонесува кон зајакната борба против корупцијата и организираниот криминал, напротив, се зголемува ризикот од политички пазарења и трговија со влијание.

Борбата против корупцијата и натаму ќе остане само декларативна,“ се вели во соопштението на ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски да го искористи правото на вето за измените на Кривичниот законик, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев до Каракачанов: Мое право е да бидам Македонец и да зборувам македонски јазик

Редакција

Казни за 1.143 лица кои не носеле маски, во изолација 905 лица, а 120 во самоизолација

Редакција

ЗК „Пелагонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра

Редакција