еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде стана азилант, на Фејсбук демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за функционерите, но и се намалува времето за застарување на предмети поврзани со службени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

-Партиите, директно или преку нивните интернет ботови и нивните приврзоци во медиумите во Македонија во отсуство на конкретни дела, визија, понуда, проекти и решенија за проблемите на народот во Македонија редовно се препукуваат, и на секој два-три месеци им паѓа на памет спиновите да ги насочат кон мене во правец на некакви мои непринципиелни договарања со некого или нешто, заговори и слично, па веќе неколку години периодично се јавува потреба да ги демантирам, исто како што тоа го правам и сега во оваа прилика во која повторно го демантирам истото.

Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат.

Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество.

Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за не сторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и сеуште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех.

И имаат причина за страв!, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

Јанушев доби условна осуда за набавката на кинеските автобуси

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Статистика во октомври пресмета инфлација од 3,5%

Редакција

Софија Куновска: Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?

Редакција

64-годишна жена ѝ дала на измамничка 21.900 евра и 17.900 австралиски долари за да ѝ ги смени, бидејќи банкнотите немало да важат

Редакција