еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Под Вишиот суд во Подгорица ископан тунел кој води до депото каде се чуваат документи, запленето оружје и дрога

Под Вишиот суд во Подгорица, Црна Гора е ископан тунел, чиј почеток е во стан на соседна зграда, а истиот води до депото на судот, во кое како што објавија црногорските медиуми, имало повеќе од девет тони запленета дрога, 400 парчиња оружје, муниција, експлозиви и документи, а преку истиот има пристап и до притворската соба.

Тунелот го откриле судски службеници кога почувствувале провев.

Зградата на Вишиот суд последните месеци се реконструираше, а тој дел од Подгорица е вмрежен со тунели од претходниот период.

Шест лица се осомничени дека го ископале тунелот, а возилото кое го користеле за обивање на судското депо е пронајдено.

Фото: Влада на Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еурактив“: Се чека на поцврст став од Брисел за да се смират страстите откако „нон-пејперот“ со предлог за промена на границите го размрда Балканот

Редакција

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Редакција

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Редакција