еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Очи во очи ќе ти кажам кога ќе се видиме“, му одговори Мицкоски на Груевски

Јавното препукувања помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник, Никола Груевски продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции

Денеска откако вчера Груевски од него побара да покаже докази за тајната комуникација на поранешниот премиер со актуелната власт за делење на партијата за да поминат уставните измени, на Фејсбук се огласи Мицкоски.

-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:

Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш.

Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните.

А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018-та, ова е друго време.

Како велеше, “вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе”, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно, пишува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Груевски е во тајна комуникација со Владата, тврди Мицкоски за германскиот весник ФАЦ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот на министерот Бесими ја предизвикал сообраќајната несреќа кај Влада

Редакција

САД: Преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија да започнат што е можно побргу 

Редакција

Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои не одредија притвор за Незири и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Редакција