еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јавно ќе бидат објавени имињата на 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и политичари, најави Ковачев

Бугарските пратеници во прво читање ги изгласаа измените на Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистар на сите лица кои имаат бугарски пасош.

За измените на законот на Фејсбук се огласи бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, познат по антимакедонските ставови.

„Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест.

Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари.

Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.

Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блага зима во Европа: Енергетски благослов, но проклетство за земјоделците

Редакција

Драстично зголемување: Бензините од полноќ поскапи за 5,5 денари, дизелот за 10 денари, РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво

Редакција

Османи од медиумите дознал дека компанијата која доби милионски тендер на МНР е донатор на ДУИ

Редакција