еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами, предупреди Бислимоски

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје, а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Нагласи дека доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење.

-Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат, рече Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму.

Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба

Редакција

(ВИДЕО) Познатиот јутјубер Стефонатор со солзи радосници: „Го победив туморот, се чувствувам како да ми започнува втор живот“

Редакција

„Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром„: Твитер реакции за растот на бројот на заразени со корона вирусот

Редакција