еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не дојде сведок на одбраната: Одложено судењето против Мухамед Зеќири

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 24 октомври, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната, за кој беше приложен доказ за причината за отсуство.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократската партија на Турците предизборно ќе коалицира со СДСМ, познати и кандидатите за пратеници

Редакција

Билјана Алампиоска Андреевска, колекционер на „Малиот принц“: Ја поседува книгата на 51 јазик и има повеќе од 60 различни изданија

Силвана Жежова

(Видео) Мицкоски најави победа на изборите и вети неколку милијарди евра инвестиции

Редакција