еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Продадени 40.000 пастрмајлии за време на „Штипска пастрамајлијада“

На нова локација и нов концепт од догодина ќе се организира штипската Пастрмалијада. Акцентот ќе се стави на угостителите и посетителите да можат да ја пробаат штипската пастрмајлија. На таков начин ќе се промовира штипскиот специјалитет, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Дополнително посетителите ќе може да уживаат и во добра музика.

-Планираме еден поинаков концепт каде значење ќе дадеме пред се на угостителите за да навистина го презентираме на најдобар можен начин брендот пастрмајлија и да мотивираме што е можно поголем број на посетители кои ќе ги посетат угостителските објекти и кои ќе дојдат да ја пробат патрмајлијата, но и да понудиме добра забава, вели Јорданов.

Според него, посетеноста беше голема, а граѓаните биле задоволни. Се проценува дека за викендов продадени се околу 40.000 пастрамајлии, а Штип го посетиле 50.000 граѓани.

-Овој изминат викенд Штип го посетија доста граѓани од околните населени места и градови, но и од околните држави, имаше доста голема посетеност, на мое огромно задоволство и на задоволство на сите нас. Помина се во најдобар ред, имаше добра забава, доста изедени пастрмајлии, вели Јорданов.

Според пресметките на организацискиот одбор, посетеноста расте од година во година, а расте и бројот на изедени пастрмајлии.

И оваа година манифестацијата започна се сечење на џиновската пастрмајлија, а втората вечер се одржа и натпреварот во брзо јадење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со сечење на џиновската пастрмајлија и настап на Саша Ковачевиќ, Пајак и Лара, започна „Штипската пастрмајлијада“

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 134 случаи на Ковид-19, тројца починати и 144 оздравени лица

Редакција

Српската премиерка Брнабиќ со партнерката доби син, ќе се вика Игор

Редакција

Убавото време за неделава заврши, од денеска облачно, постудено и со врнежи

Редакција