еМагазин
Локално

Тетовчанец тепал се пред себе

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Д.(20) од Тетово, за сторени кривични дела „насилство“ и “напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“, информира МВР.

На 20 август годинава во времето од 02,00 до 03,00 часот во Тетово, на раскрсницата помеѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“, пријавениот, физички ги нападнал Б.П.(18) од Тетово и едно малолетно лице.

При тоа Ф.А.(46) од Тетово се обидел да му помогне на малолетното лице, при што пријавениот физички го нападнал истиот.

По добиен повик, на местото на настанот пристигнале двајца вработени од Агенција за обезбедување на лица и имот по што пријавениот ги попречувал да излезат од возилото, а потоа физички ги нападнал истите, нанесувајќи им телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец со „Кавасаки“ удрил во седумгодишно дете на велосипед

Редакција

„Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром

Редакција

Двајца тепале вработен во Водовод и канализација кој извршувал задачи во Сарај

Редакција