еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите 

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт.

-По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости.

Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација, образецот и решението за изведување на градбите, рече на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Таа додаде дека ДКСК препорачува при спроведената анализа и проверка на одредбите да се преземат чекори за надминување на оваа состојба. Според она што е утврдено, Ивановска хронолошки образложувајќи го предметот, потсети дека во 2019 година Општина Охрид засилено работела на воспоставување на градежна дисциплина.

-Во 2020 година Владата донесува план за управување со светско природно културно наследство. Планот предвидувал изработка на урбанистички план од државно значење, за површина со кој ќе се овозможи зачувување на крајбрежната функционалност и постапна ревитализација на клучните еко системи кои требало да бидат готови до крајот на 2021 година.

ДКСК упатува барање со кое ја повикува Владата да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградени објекти на сите општини во регионот, кој е под заштита на УНЕСКО, а Владата како носител на извршната власт да се справи со проблемот за бесправно изградени објекти. Ова барање го упативме до Владата во 2020 година, рече Ивановска.

Таа додаде дека Владата го разгледала барањето на ДКСК и го задолжила Министерството за транспорт и врски да достави мислења со соодветни насоки за постапување до ДКСК.

-Министерството за култура ја известува ДКСК дека студиите за оценка на влијанието за животната средина и оценка на културното наследство за бесправно изградени објекти не се донесени. Управата за животна средина ја известува ДКСК дека немала издадено решение за оцена на влијанието врз животната средина, рече Ивановска.

Ивановска посочи дека е донесен заклучок да запре постапувањето по овој предмет, а да продолжи по новоформираниот предмет.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатите на обвинетите во „Титаник“ не сакаат „бомбите“ да се слушаат во судница

Редакција

Од МВР незнаат каде се Демири и Исмаиловиќ, обвинети за масакрот на Смилковско езеро

Редакција

Немаме ништо против изборите да се одржат на 17 октомври, вели Заев

Редакција