еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува за еден денар

Од полноќ поевтинуваат бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 82 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и ќе изнесува 45,349 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани нови 19 заболени од корона вирусот, од кои 11 во Скопје

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција

Приведен дебранец поради предизвикување пожар во атарот на селото Бомово

Редакција