еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пребројување во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се пратениците кои веќе прифатиле уставни измени?

Се погласни се информациите дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се веќе обезбедени доволен број пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени предвидени со Договорот меѓу Македонија и Грција без разлика на исходот на референдумот.

Во текот на вчерашниот ден само околу дваесетина од вкупно 42 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објавија дека нема да гласаат за уставните измени во Собранието кои се предвидени со Договорот со Грција, без разлика каков ќе биде исходот на референдумот.

Ваквото оркестрирано изјаснување на пратениците од опозицијата се чини дека е јалов обид да се прикрие двојната игра на ВМРО-ДПМНЕ кога е во прашање референдумот односно создавање илузија на тивок бојкот со цел партијата да има оправдување пред приврзаниците и членовите.

Всушност, како се наближува 30 септември станува јасно дека најголемата опозициска партија потклекна на огромниот притисок од меѓународната заедница и дека наскоро може да очекуваме дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат дека ќе гласаат на референдумот односно дека ќе ги поддржат уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јохан Тарчуловски: Ако гласам за уставните измени, нека бидам убиен

Трајко Вељаноски ќе го бојкотира референдумот за името и нема да ги подржи уставните измени

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Поранешниот министер Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мотоциклист од Македонија загина во сообраќајна несреќа помеѓу Подгорица и Цетиње

Редакција

Приведен, па пуштен личниот возач на Али Ахмети, возел со регистарски таблички од друго возило

Редакција

708 нови случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Тетово

Редакција