еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ова е тест за нов светски поредок, оцени ирачкиот премиер од мировниот Самит во Каиро

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани, во денешното обраќање од мировниот Самит во Каиро оцени дека палестинскиот народ „се соочува со геноцид“ и дека болниците се цел на напади.

„Тоа е целосно воено злосторство кое започна со убивање на невооружени луѓе и со наметнување опсада на остатокот од живите. Газа денес е тест, нов тест за новиот светски поредок кој секогаш одново доживува неуспех.

Дали сè уште не е време да се стави крај на оваа окупација? Нема место за Палестинците освен нивната земја,“ изјави ирачкиот премиер, повикувајќи на итен прекин на огнот.

Ирак повикува, вели тој, на „целосно укинување на опсадата на Појасот Газа“ и формирање на фонд за обнова на Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) И деца загинаа во нападот на православната црква во Газа

(Вознемирувачки видеа) Израел ја бомбардираше најстарата христијанска црква во Газа, во која се засолнати Христијани и Муслимани

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ има пад на профитот од 40%

Редакција

Сите детали: Кои се надлежностите на претседателот на државата

Редакција

(Видео) Македонскиот модел Сара Стои, на модна ревија за дизајнерката Лаура Бјаџоти

Редакција