Уапсена е жената која во скопско кафуле се обиде да ја нападне македонската пејачка Елена Ристеска, информираа од МВР.
Станува збор за жена на 38-годишна возраст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска
-На 24.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 година во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П..
Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.
По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на Основното јавно обвинителство Скопје, велат од таму.
Фото: Фејсбук/Ристеска