еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите обвинители во ОЈО Гостивар, Скопје и во Струга

Советот на јавни обвинители на денешната 87. седница со по девет гласа „за“ ги избра Зура Селими, Александра Дамјановска – Николоска, Игор Димитровски и Валнеса Бизаки-Дилали, за јавни обвинители во основните јавни обвинителства (ОЈО) во Гостивар, во Скопје и во Струга.

Сите кандидати ја имаат успешно завршено обуката на Академијата за судии и јавни обвинители и почнуваат со работа од 1. ноември годинава.

Во ОЈО Скопје избран е еден јавен обвинител, во ОЈО Гостивар два и во ОЈО Струга еден јавен обвинител.

На огласот за јавно обвинители во ОЈО Гостивар и ОЈО Скопје биле пријавени двајца кандидати, како и во ОЈО Струга, двајца кандидати.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починати 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.274

Редакција

Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците, на местото на Зијадин Села

Редакција

(ВИДЕО) Ковачевски пристигна во Софија, заедно со владината делегација пречекан со највисоки државни почести

Редакција