Во првите девет месеци од годинава Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 3.694.344 илјади денари, што претставува зголемување од 27%, споредено со истиот период од претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје
-Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 940.488 илјади денари.
Со тоа, добивката пред оданочување, на 30.9.2023 година изнесува 2.753.856 илјади денари.
Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи врз сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио.
Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата, која на 30.9.2023 година изнесува 125.744.839 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности, велат од Банката.
Нето-приходите од камати изнесуваат 4.171.742 илјади денари и се зголемени за 1.122.146 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката, пораст на ликвидносната позиција и трендот на раст на каматните стапки, велат од таму.
-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 632.893 илјади денари и се намалени за 5% во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци на Банката за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.
Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 8% и изнесуваат 111.898 илјади денари. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 371.003 илјади денари.
И покрај инфлаторните притисоци и растот на цените, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што на 30.9.2023 година истите изнесуваат 722.929 илјади денари.
Трошоците за вработени изнесуваат 762.247 илјади денари, велат од таму.
Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 940.488 илјади денари, посочуваат од таму.
-Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 3.694.344 илјади денари и забележа зголемување од 27% во однос на истиот период од минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 2.753.856 илјади денари.
Вкупната актива на Банката изнесува 125.744.839 илјади денари.
Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2022 година се пониски за 1.575.471 илјади денари, како резултат на порастот на кредитното портфолио и портфолиото на хартии од вредност на Банката.
Кредитите на и побарувања од други комитенти нето изнесуваат 89.696.043 илјади денари и забележаа зголемување од 4% споредено со крајот на минатата година.
Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 337.592 илјади денари и забележаа зголемување од 14% споредено со крајот на минатата година.
Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.660.931 илјади денари и забележаа зголемување од 12% споредено со крајот на минатата година.
Останатите побарувања забележаа намалување од 29 % и изнесуваат 1.832.565 илјади денари.
Капиталот и резервите изнесуваат 24.785.754 илјади денари, што претставува зголемување за 12% во однос на крајот на 2022 година, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Скопје со зголемена добивка во првото полугодие
Колкави надоместоци имаат членовите на НО на Стопанска банка Скопје