еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите претседатели на Апелациониот суд Скопје и основните судови во Битола и Прилеп

Судскиот совет на денешната 462. седница изврши избор на претседатели во Апелациониот суд во Скопје и основните судови во Битола и Прилеп.

Судијката Мери Дика, која досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје, денеска е избрана за претседателка.

Судијката Татјана Петровска е избрана за претседател на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, согласно денешната одлука на Судскиот совет, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

Согласно оваа одлука, во Основниот суд во Велес останува в.д. претседателка да биде Лидија Димова, во Основниот суд во Делчево – Миле Георгиев, во Основниот суд во Крива Паланка – Љубица Цветковска Стојановска и во Основниот суд во Штип – Ѓорѓи Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово 

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за возачот кој го возел Палевски до Турција

Редакција

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Редакција

Само една од 800 згради во скопски Карпош ги исполнува прописите за безбедност

Редакција